Овесно Смути за појадок (со кајсии)
Состојки
- 15- на Кајсии
- 1/4 чаша (од 240 мл) Овесни снегулки (20 гр)
- 150 мл Бадемово млеко
- 3-4 Коцки мраз
- 1/3 м.л. Цимет
- по вкус Мед
Подготовка
Богато овесно кремасто смути со кајсии, вкусна и едноставна закуска, идеално и за најмалите.
Подготовка:
1. Овесните снегулки ги ставаме во сад со вода, ги оставаме така 10 минути. Ги цедиме од водата и заедно со сите наведени состојки (освен медот) се ставаат во чашката од блендерот.
2. Блендираме до хомогенизирање, заблажуваме по вкус и послужуваме веднаш.
На здравје!