Здрави Интегрални Овесни Колачиња (со темно чоколадо и суво грозје)
Состојки
- 100 гр Овесни снегулки (грубо сецкани)
- 100 гр Интегрално Пченично брашно
- 70 гр Шеќер (бел или кафеав)
- прстофат Сол
- прстофат Пециво
- прстофат Цимет
- пола Ванила
- 80 гр Путер (маргарин) на собна температура
- 1 Јајце (големина Л) на собна температура
- 30 гр Суво Грозје
- 2 реда Темно чоколадо
Подготовка
Убавината во овие колачиња е што се подготвуваат брзо и лесно, а вкусот им е незаменлив.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме овесните снегулки и интегралното брашно, промешуваме.
2. Потоа ги додаваме наведените состојки (според редоследот на кој се напишани во потребни состојки). Сето тоа го замесуваме и формираме 16 еднакви топчиња, кои ги редиме во плех врз хартија за печење. Ги сплескуваме и ги формираме во округли колачиња.
3. Печеме во загреана рерна на 175 степени (околу 20 минути), но времетраењето сепак зависи од тоа како пече вашата рерна, погледнете ги одоздола да видите дали се печени (видете дополнителна слика). Нека изладат потполно, па послужуваме.
Забелешка - Рецептот може да претрпи промена и може да се додаде какао, брусница, јаткасти плодови...по ваш вкус и избор, ова беше мојот избор (темно чоколадо и суво грозје).
На здравје!