Испечати

Вегански сладолед

Вегански сладолед

Состојки

  • 120 мл аквафаба
  • 1 лажица сок од лимон
  • 3 лажици агаве сируп
  • 7 лажици густо кокосово млеко
  • 4 лажици какао
  • 1 лажица арома од ванила

Подготовка

Вкусен сладолед кој ќе го јадете без грижа на совест.

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме аквафабата и лимоновиот сок. Матиме со миксер на најголема брзина околу 10 минути, да се добие бела, пенеста смеса која личи како изматена белка од јајце. Го додаваме агаве сирупот, матиме кратко да се соединат состојките. Оставаме на страна.
2. Во длабок сад ги ставаме кокосовото млеко, какаото и ванила аромата. Мешаме со жица за матење да се добие хомогена смеса. Додаваме прстофат сол, промешуваме. Во смесата ја додаваме изматената аквафаба. Нежно промешуваме да се соединат. Смесата ја ставаме во сад со капак и оставаме во замрзнувач 6-7.