Мармалад од кајсии
Состојки
- 2кгр домашни, мали, миризливи кајсии
- 800гр шеќер
- 1/4 лажиче лимонтус
Подготовка
Подготовка:
1. Прво кајсиите ги миеме и ги отстрануваме семките. Ги ставаме во пошироко тенџере.
Врз нив го расфрламе лимонтусот и шеќерот. Тенџерето го оставаме во фрижидер да отстои 2,3 часа.
2. Потоа го ставаме на тивок оган да се вари. Вариме околу 1 час со постојано мешање. На половина од готвењето смесата ја поминуваме со стапчест миксер, за мазна структура, што и не е задолжително. Густината ја тестираме на тацна, едно лажиче.
3. Жешкиот мармалад го собираме во жешки тегли. Од кога ќе се излади го ставаме на рафт за зимница.