Вишна Смути
Состојки
- 150 гр Вишни (замрзнати)
- 1 Банана
- 150 мл Овесно Млеко
- 1 м.л. Овесни снегулки
- 1 м.л. Какао
- 1-2 м.л. (по вкус) Мед (или неколку урми)
Подготовка
Вкусен, освежувачки пијалок за овие топли летни денови.
1. Сите наведени состојки ги ставаме во чашката од блендерот.
2. Блендираме се додека не добиеме хомогена смеса. Послужуваме веднаш.
На здравје!