Крофнички со свежи кајсии
Состојки
- 1 јајце
- 120мл млеко
- 30гр растопен путер
- 1,2 лажици шеќер
- 1 ванила
- 1лажиче рум, ракија.
- 1лажиче пециво
- 260 до 280 гр брашно
- 10 мали, свежи кајсии
- Масло за пржење
- Шеќер во прав
Подготовка
Подготовка:
1.Прво кајсиите ги лупиме и ги сецкаме на мали коцки.
2.Во вангличка се ставаат млеко, јајце, путер, шеќерот, ванила, румот. Се промешува и се додаваат кајсиите, пецивото и постепено брашно. Се замесува средно меко тесто. Се набрашнува работната маса и се сучи кора. Со мала чаша се вадат форми и се редат на послужавник врз чиста кујнска крпа.
3. Во сад се става масло да се загрее на умерен оган. Се пржат од двете страни да заруменат.
Се редат врз хартиени салфетки. Потоа се валкаат во шеќер во прав и се послужуваат.