Тортелини со свежи шампињони и царско месо
Состојки
- 1 паковање свежи тортелини, 4 вида сирење
- Вода за варење
- сос
- 150гр царско месо
- 250гр свежи шампињони
- 1лажица маслиново масло
- 30гр путер
- 1лажиче капари
- 1 црвен домат
- 1/2 свежа тиквичка
- 1 рака свеж магдонос
- 125мл павлака за готвење
- Сол, бибер, оригано
- Свеж босилек
- 1/2 лута пиперка
Подготовка
Подготовка
1. Во тава ги ставаме да се загреат путерот и маслото. Ги додаваме ситно сецканото чадено месо да се запржи и пушти арома. Го тргаме во сад на страна, но и не мора, јас пржев се заедно
2. Во истата маснотија ги пржиме листовите свежи шампињони. Кога се готови ја додаваме сецканата тиквичка и сецканата лута пиперка и тие да се запржат. Го враќаме испрженото царско месо. Ги додаваме коцките црвен домат. Промешуваме, соединуваме и ја додаваме павлаката за готвење.
Зачинуваме. Нека крчка 1,2 минути заедно.
3. Во меѓувреме се ставаат на оган да се варат тортелините според упатството.
Кога се готови ги додаваме кај подготвениот сос, додаваме магдонос и сецкан босилек.
Соединуваме и сервираме. Послужуваме и бело вино со овој убав, летен ручек.
На здравје