Испечати

Брзи грисини со грахам брашно

Брзи грисини со грахам брашно

Состојки

  • 200 мл масло
  • 200 мл пиво
  • 1 ќесе прашок за печење
  • 1 лажиче сол
  • 200 гр пченично брашно
  • 400 гр грахам брашно
  • по желба и вкус семки и зачини

Подготовка

Подготовка

1. Измешајте ги течностите во длабок сад за месење. Додадете го пецивото и измешајте да запени.

2. Потоа додавајте ги солта и брашната. Ставете за почеток 300 гр грахам и 100 гр пченично и потоа додавајте постепено додека има потреба.

3. Расукајте го тестото во кора со дебелина од 3-4 мм. Од едната страна јас ставив прованса зачин низ целата површина, а од другата чаден црвен пипер, а и двете ги опсипав со сусам.

4. Сечете ленти и секоја лента свиткајте ја спирално. Наредете ги во плех и испечете ги.