Летна паста со тиквичка
Состојки
- 300гр спирални тестенини
- вода и сол за варење
- сос
- 1 мала главица кромид
- 1 морков
- 1 средна тиквичка
- 1 парченце целер
- 1 печена пиперка, може и свежа, лута или блага, по вкус
- 1лажиче оригано или мајчина душичка
- сол, бибер
- магдонос
- пармиџано сирење
- 1,2 лажици маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. На загреано масло, на тивок оган го ставаме ситно сецканиот кромид да се запржи. Додаваме рендан морков, рендан целер и рендана тиквичка. Пржиме со повремено промешување. Штом е зготвен зеленчукот зачинуваме и додаваме сецкана печена пиперка.
2. Во меѓувреме ја вариме тестенината во посолена вода. Една минута пред да е готова ја тргаме од оган. Кај сосот додаваме од водата во која се вареа спиралите, околу 1 неполна кутлача, ја додаваме и процедената тестенина и се заедно оставме да крчка уште 30 секунди. Сервираме во чинијс, по краевите посипуваме сецкан магдонос, а во срединаат рендаме пармезан.
Послужуваме.
по желба врз пармиџаното може да се стави 1 лажица кисела павлака.