Салата од сирење
Состојки
- 300 гр овчко сирење
- 3 печени црвени пиперки
- 1 краставица
- 200 гр кисела павлака
- суви домати по желба
Подготовка
Подготовка
1. Пиперките излупете ги, исцедете ги и исечкајте ги. Краставицата излупете ја, пресечете ја по должина и со лажиче изгребете и ја средината, семките. Исечкајте ја.
2. Сирењето изрендајте го и во него додајте ја павлаката, пиперките, краставицата и сувите домати. Убаво измешајте. Изладете ја пред служење.