Испечати

Сочна салата со пилешко бело месо

Сочна салата со пилешко бело месо

Состојки

  • 350гр пилешко бело месо
  • 2 средни моркови
  • 1 поголема краставица
  • 300гр кисела павлака
  • 2лажици мајонез
  • Сол, бибер
  • Малку сенф

Подготовка

Подготовка:

1. Во тенџере налеваме вода, ги додаваме измиените парчиња бело месо, морковите, сол и некое зрно бибер. Вариме додека не се готови. Ги процедуваме од течноста и оставаме да се изладат.
2. Во еден сад ги соединуваме, излупената, издлабена од семки свежа краставица, сецкана на ситни коцки, сецканите моркови и сецканото бело месо. Додаваме зачини, кисела павлака и мајонез.
Убаво соединуваме.
3. Ја ставаме салатата во пластичен сад и ја оставаме во фрижидер 1 час, за да се спојат вкусовите.
Потоа сервираме и послужуваме.