Гратинирана летна манџа
Состојки
- 1 црн домат
- 1 тиквичка
- 100гр бело сирење
- 3,4 јајца
- 1 голем грст магдонос
- Сол, бибер
- Сос од домати
- 600гр свеж домат
- Сол, малку шеќер, бибер, босилек и магдонос
- масло
Подготовка
Превкусен летен ручек, надополнет со домашно, топло лепче.... мерациии
Подготовка
1. Прво го подготвуваме доматниот сос. Ги лупиме доматите, ги сецкаме и оставаме на оган да крчкаат.
На половина од готвењето го поминуваме сосот со стапчест миксер и ги зачинуваме. Вариме додека не добиеме густ сос.
2. Сега црниот домат и тиквичката ги лупиме. Со помош на алатка ги сечиме на танки ленти. Многу малку ги набрашнуваме и ги пржиме во загреана тава на умерен оган. Ги вадиме на страна.
3. На дното на ватростален сад го ставаме доматниот сос. Редиме пржени ленти црн домат.
Расфрламе магдонос. Сега ставаме ленти пржена тиквичка. Расфрламе магдонос. Постапката ја повторуваме уште еднаш. Сега редиме парчиња сирење, кршиме јајца и го ставаме садот во загреана рерна да се гратиниран манџата 15,20 минути.
Сервираме топло.
Забелешка
Додека ги подготвувате состојките, односно пржите, крчкате, релната нека се загрева.
Вкупно време за подготовка на ручекот ќе ви треба од 35 до 40 минути.