Испечати

Торта со кајсии

Торта со кајсии

Состојки

  • основа
  • 40 гр ореви
  • 40 гр кокосови трошки
  • 50 гр урми
  • 80 гр овесни снегулки
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици кокосово млеко
  • 1 лажица мед
  • Фил
  • 350 гр кајсии ( јас користев претходно замрзнати кајсии, кои ги оставив неколку часа на собна температура да се одмрзнат)
  • 50 мл вода
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици густин
  • Чоколаден прелив
  • 100 гр темно чоколадо со 80% какао
  • 1 лажица кокосово масло
  • 6 лажици кокосово млеко
  • 30 гр мелени ореви

Подготовка

Подготовка:

1. Основа- во блендер ги ставаме оревите и урмите, блендираме да се иситнат. Ги додаваме кокосовите трошки, овесните снегулки, кокосовото масло, кокосовото млеко и мeдот. Блендираме. Смесата ја ставаме во сад со големина 20х20, претходно обложен со хартија за печење, ја натапкуваме смесата.
2. Фил- во сад на оган ги ставаме кајсиите и водата, со повремено мешање ја вариме смесата додека не испари течноста 10-15 минути. Садот го тргаме од оган и со рачен блендер ја блендираме смесата. Повторно го враќаме садот на оган, го додаваме густинот и цело време мешаме со жица за матење додека не се згусни смесата. Го тргаме садот од оган и додаваме мед. Mоите кајсии не беа многу благи, вие според вкусот може да намалите или додадете повеќе. Филот го ставаме врз основата. Оставаме во фрижидер да стои еден час.
3. Чоколаден прелив- во сад над пареа го ставаме чоколадото и кокосовото млеко да се стопи. Во садот кокосовото млеко и мелените ореви. Промешуваме. Смесата ја ставаме врз филот. Оставаме во фрижидер да стои еден час, послужуваме.