Испечати

Брз колач со цреши и кајсии

Брз колач со цреши и кајсии

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша шеќер (200 мл)
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 чаша гриз
  • 1 чаша кокос
  • 1 чаша брашно
  • 1 пециво
  • 3 ванили
  • 1 лимон -кора
  • 200 гр цреши
  • 6-7 кајсии

Подготовка

Брз колач без да ви треба миксер.

Подготовка:
1. Црешите исчистете ги од коските, кајсиите исечкајте ги на парчиња. Пред да ги додавате во тестото ставете го во нив брашното и убаво измешајте да се покријат од сите страни.
2. Во сад за матење ставете ги јајцата и шеќерот и рачно изматете ги. Додајте го јогуртот, маслото, ванилата и лимоновата кора и измешајте.
3. Промешајте го гризот, кокосот и пецивото и додајте ги во течните состојки. Промешајте.
4. Во смесата додајте ги набрашнетите цреши и касии и пак убаво измешајте.
5. Тавата во која ќе го печете колачот намрсете ја и набрашнете ја. Печете во загреана рерна на 200 степени.