Пита со тиквичка
Состојки
- 4 јајца
- 10 лажици брашно
- 1 пециво
- 1 рендана тиквичка
- Шунка и кашкавал по желба
Подготовка
Подготовка:
1. Во длабок сад се матат со вилушка 4 јајца со 1 лажичка сол. Се додаваат 10 лажици брашно и 1 пециво. Во смесата се додава 1 рендана тиквичка, претходно посолена и оставена половина час да се исцеди од течноста и се промешува.
2. .Во тавче број 26, обложено со хартија, се става смесата, а одозгора се ренда шунка и кашкавал. Се печи во загреана рерна на 200 степени околу 40минути.
На здравје.