Испечати

Потпечена боранија

Потпечена боранија

Состојки

  • 1кг зелена боранија
  • 250гр пушена сланина
  • 200гр моцарела рендана
  • 200гр едамер кашкавал
  • 3лажици лебни трошки
  • 1лажица босилек
  • 1/3лажица сол и црн бибер
  • 100мл масло
  • 1 црвен патлиџан
  • 1 кромид
  • 1чешне лук

Подготовка

Предлог за преубав ручек.

Подготовка:

1. Во посолена вода ја ставаме боранијата да се зоврие. Откако е зовриена ја цедиме од водата.
2. Во касерола го запржуваме ситно сецаното лукче, кромитче и црвениот патлиџан кој го исецкавме на коцки. Во нив ги додаваме парчињата боранија, промешуваме добро и зачинуваме со босилек, сол и црн бибер.
3. Во тавата каде ќе печеме попрскуваме масло, а потоа попрскуваме лебни трошки. Ја додаваме боранијата и ја распоредуваме насекаде по тавата. По површината редиме парчиња пушена сланина, а потоа и едамер кашкавал. Затвараме со рендана моцарела.
4. Тавата ја ставаме да се пече во загреана рерна околу 25 минути. Имате превкусно јадење. Послужете се со топло приготвено и чаша убаво вино.
На здравје.