Испечати

Торта со јагоди и лимон

Торта со јагоди и лимон

Состојки

  • 10 лажици брашно
  • 2 лажици компиров скроб
  • 9 лажици шеќер
  • 12 лажици масло
  • 10 лажици млеко
  • 2 лажици цеден сок од лимон
  • 3 јајца
  • 15гр. пециво
  • кора од 1 лимон
  • 10-тина јагоди

Подготовка

Подготовка

1. Изматете ги јајцата и шеќерот. Намалете на најмала брзина и со постојано матење во млаз додајте го маслото,млекото и сокот од лимон. На крај додајте ги брашното, скробот, пецивото и ренданата кора од лимон. Измешајте со жица за матење.

2. Смесата истурете ја во калап од 22цм, премачкан со масло и набрашнет. Одозгора наредете ги јагодите исечени на половинки. Печете на 180 степени, 25-30 минути зависно од рерната.