Боза
Состојки
- 8 лажици брашно
- 3,5-4 литри вода
- 18 лажици шеќер
- 1 коцка свеж квасец
Подготовка
Подготовка
1. Во суво големо тенџере се става брашното и на средна температура со постојано мешање се печи додека добие жолта боја.
2. Се додава 2 кг топла вода и се меша убаво да се соедини. Потоа се додава уште литар и пол вода и се остава да вари на средна температура, околу 30на минути, притоа често се меша.
3. Се додава шеќерот, кој можи да го додавате или одземате во количина спрема ваш вкус и доколку има потреба се додава уште половина литар вода (зависно колку испарила со варењето).
4. Така се вари уште 10-15 минути и се остава да лади до степен кога ќе ставите прст во течноста да не жежи, ами да е пријатно топло. Тогаш се зема дел од течноста во една чаша и се раствора со квасецот колку можи подобро и се истура во тенџерето. Се покрива со платнена крпа и се остава преку ноќ да ферментира.
5. Пожелно е да ја спремите навечер за утрото да ја соберите во шишиња. Деновите кога ја правев беа ладни, па јас ја собрав дури попладнето. Се чува во фрижидер, со тајност отприлика една недела.