Потурено со јаболка
Состојки
- 3 средни јаболка
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 200 мл млеко
- 100 мл масло
- 1 ќесе прашок за печење
- 8 лажици брашно
- 4 лажици гриз
- За потурање
- 600 мл вода
- 350 гр шеќер
Подготовка
Подоготовка
1. Изрендајте ги јаболката.
2. Започнете со матење на јајцата и шеќерот додека се згусти смесата. Со најмала брзина на миксерот додадете ги постепено прво течните, па сувите состојки и на крај ренданите јаболка.
3. Смесата истурете ја во намрсено и набрашнето тавче 20х30 и печете на 170С 20-30 минути.
4. Ставете ги шеќерот и водата за преливот да зовријат и потоа на намалена температура да врие 10на минути. Потурете го кексот и оставете убаво да се впие течноста.