Испечати

Салата со јајца и авокадо

Салата со јајца и авокадо

Состојки

  • 5 варени јајца
  • 2 авокада
  • 4 лажици кисела павлака
  • сок од 1 мал лимон
  • 4-5 лажици маслиново масло
  • 4-5 чешниња лук (или 1-2 млад лук)
  • сол и црн бибер

Подготовка

Брзо и едноставно

Подготовка:

1. Исчистете го авокадото и исечкајте го лукот, па заедно со малку сол истолчете ги.
2. Јајцата изрендајте ги и додадете ги во авокадото. Додадете ги и останатите состојки, убаво измешајте и дотерајте по вкус.