Испечати

Проја пита сo млад кромид

Проја пита сo млад кромид

Состојки

  • 2 ½ чаши јогурт
  • 1 јајце
  • 1 чаша јачменово брашно
  • 2 чаши пченкарно брашно
  • 150 гр урда
  • 50 гр дробено сирење
  • 1 лажиче сол
  • 1 пециво
  • 6 млади кромидчиња
  • 4 лажици масло од чиа семе

Подготовка

Подготовка:

1. Во длабок сад ги ставаме јајцето, со жица за матење го матиме. Го додаваме јогуртот и маслото, промешуваме. Ги додаваме урдата, сирењето и сецканите млади кромидчиња. Промешуваме. Ги додаваме пченкарното брашно, јачменовото солта и пецивото. Мешаме со жица за матење.

2. Смесата ја ставаме во правоаголен сад за печење обложен со хартија за печење. Наросуваме со сусам и семки од сончоглед. Печиме во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.