Овесна палачинка со спанаќ
Состојки
- 4 шери домати
- 4лажици овесни снегулки
- 4 јајца
- 2 раце спанаќ
- 1/3лажица зачини ( бибер, сол, мајчина душица )
- 2лажици грчки јогурт
Подготовка
Подготовка:
1. Во сад промешајте ги јогуртот, овесот, јајцата и зачините. Спанаќот исецкајте го на ситно и додајте го во смесата.
2. Тавата каде ќе го правите јадењето попрскајте ја со масло. Кога е вжештено истурете ја смесата и покријте со капак. Нека се динста со капак на тивко.
3. Штом е готово, полека извадете го со шпатула на чинија. Декорирајте со шери домати. На здравје