Мафини со грахам брашно
Состојки
- 4 јајца
- 1лажиче сол
- 100гр дробено сирење
- 2,3 млади кромидчиња
- 1 филџан од 100мл масло
- 1 филџан од 100мл јогурт
- 4 филџани од 100 мл грахам брашно
- 2 лажици микс од семиња
- 1 пециво
Подготовка
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцата и солта и се мати до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот и маслото. Промешуваме
2. Во друг сад ги соединуваме сите останати состојки. И нив ги додаваме на претходните состојки.
Соединуваме.
3. Смесата ја распоредуваме во калап за мафини. Печиме околу 25 мин. Ги оставаме на решетка да се изладат, па ги сервираме.
*Забелешка, може да се додаде и малку сецкана блитва или спанаќ, по ваш вкус