Кекс со слатко од лубеница
Состојки
- 4 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја масло
- 2 шолји брашно
- 1 ќесе пециво
- кокос, слатко од лубеница (можи и од смокви)
Подготовка
Подготовка:
1. Густо изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги постепено течните состојки, па потоа сувите.
2. Истурете ја смесата во намрсена тава за печење 20х30 и одозгора ставете парчиња од слаткото. Печете на 180 степени 20-30 минути.
3. Печениот кекс, уште топол, прелијте го со помош на лажица, од шербетот од слаткото и потоа одозгора посипете кокос.