Испечати

Домашни кори со спанаќ и сирење во рерна

Домашни кори со спанаќ и сирење во рерна

Состојки

  • 175 гр домашни кори
  • 200 гр спанаќ
  • 1 - 2 млад кромид
  • 100 гр сирење
  • 3 јајца
  • по потреба сол
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 3 чаши јогурт

Подготовка

Подготовка

1. Искршете ги корите да не се многу големи, спанаќот и кромидот исечкајте ги, а сирењето издробете го. Измешајте се заедно.

2. Во посебен сад разматете ги јајцата со течните состојки и додадете сол по ваш вкус. Измешајте ги сите работи заедно и истурете ги во намрсена тава (20х30).

3. Печете на 180С околу половина час или зависно од рерната.

4. Послужете со јогурт или кисела павлака.