Какао галети

Состојки
- 2лажици какао
 - 2лажици мед
 - 100гр оризови галети
 - 2лажици путер од кикирики
 
Подготовка
Наједноставниот и најбрз десерт. Воедно здрав.
Подготовка:
1. Галетите изронете ги, јас ги ронев со раце. Во нив додадете го медот, какаото и путерот од кикирики.
 Мешајте убаво. Јас со рака го замесив.
2. Во калап поставив хартија за печење, па го натапкав со рака лепливото тесто.
 Израмнив и го ставив во ладилник, Го сечев додека е замрзнато. Го сечев на коцки. На здравје да ви е.