Орео бомбици
Состојки
- 280 гр. орео кекси со фил
- 100 гр. крем сирење, несолено
- За чоколадирање
- 200 гр. бело чоколадо за готвење
- 2 лажици масло
Подготовка
Едноставни, вкусни бомбици....
Подготовка:
1. Бисквитите комплетно со фил, се мелат.
2. Се мешаат со крем сирењето. Смесата се соединува со рака.
3. Со влажни раце се обликуваат бомбици.
4. Нека се стегнат, ги оставаме некое време во фрижидер, па се чоколадираат со растопеното чоколадо со масло.
Толку....
На здравје сладење!