Шпанска пита
Состојки
- 4 јајца
- 200 мл масло
- 400 мл млеко
- 1 лажиче сол
- 200 гр бело пченично брашно
- 200 гр пченкарно брашно
- 1 пециво
- 100 гр бело дробено сирење
- 100 гр рендан кашкавал
- 10 исечкани кисели краставички
- 1 исечкан морков
- 2 исечкани кисели, црвени пиперки
- 100 гр исечкано сувомеснато
Подготовка
Што имаш во фрижидерот, исечкај, измешај, испечи и уживај.
Подготовка:
1. Краставичките, пиперките, сирењето, кашкавалот и сувомеснатото измешајте ги.
2. Во подлабок сад изматете ги јајцата, додајте ги течните состојки, промешајте, додајте ги двата вида брашно и пецивото и убаво измешајте. На крајот додајте ги исечканите состојки. Промешајте. Горе наросете со бел и црн сусам (по желба).
3. Печете во загреана рерна на 200 степени, приближно 45 минути.