Испечати

Векна од бриош тесто, со вкус на махлеб, полнета со крем за кроасани

Векна од бриош тесто, со вкус на махлеб, полнета со крем за кроасани

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче шеќер
  • 40мл топло млеко
  • 90мл јогурт на собна температура
  • 1 јајце
  • 2,3лажици шеќер
  • 1 лажиче рамно махлеб
  • 1/4лажиче сол
  • 300гр брашно
  • 75гр растопен путер
  • За полнење
  • 3 полни лажици крем за кроасани, или еурокрем
  • За премачкување
  • Малку жолчка со млеко, сусам

Подготовка

Знаете веќе дека овие векни од бриош тесто ги обожавам.
Еве ја денешната подготовка.

1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, квасецот и шеќерот. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, махлеб, јајце, јогурт, шеќерот и со вилушка се промешува. Постепено се додава брашно и се замесува меко тесто. Колку повеќе го месите, тоа ќе станува покомпактно. Во 2,3 наврати се додава растопениот путер. Не цел од еднаш. Прво малку, па се меси убаво тестото да си го прими, па се додава повторно, па се меси убаво.
3. Мекото тесто се покрива и се остава на топло еден до два часа да се дуплира. Потоа се сучи правоаголна кора која се премачкува со крем. Се витка ролат кој се поставува во долгнавест калап за леб. Се покрива и се остава на топло уште 30 минути. Се премачкува со малку жолчка со млеко и се наросува сусам.
4. е печи на 180 с околу 30 минути. Се остава на решетка потполно да се олади, па се сече на парчиња и се послужува.