Испечати

Пита со јаболка без шеќер и брашно

Пита со јаболка без шеќер и брашно

Состојки

  • 3 јаболка поблага сорта
  • 3 јајца
  • 1 шола овесни снегулки
  • 1 филџан суво грозје
  • 1 филџан сецкани ореви
  • 200 г кисело млеко + 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 лажици мелено ленено семе или чија семе
  • 1/3 шола кокосово брашно
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче ванилин екстракт
  • 2 лажици мед (1 во тестото и 1 после печење)

Подготовка

Доколку сакате пита со јаболка, но без шеќер, ви предлагам да ја пробате оваа здрава варијанта која е многу вкусна и се подготвува многу брзо. Одлична е за појадок, но може да ви замени и ужина или десерт.

Пoдготовка:

1. Вклучете ја рерната да се загрее. Јаболката излупете ги исечкајте ги на мали парчиња. Може да користите сецко.
2. Измешајте ја содата со киселото млеко. Изматете ги јајцата со миксер и додадете ги останатите состојки. Мешајте со лажица. Истурете ја смесата во мал плех, обложен со хартија за печење ако не сакате да ви се залепи. Или користете калап за пити.
3. Се пече во загреана рерна на 180С околу 30 минути. Пробајте со чепкалка за заби дали е готова питата. Оставете малку да се излади, премачкајте со лажица мед и наросете кршени ореви. Питата е одлична, ароматична и пред се - здрава.