Испечати

Мафини со каламата маслинки

Мафини со каламата маслинки

Состојки

  • 1 јајце, големина Л
  • 1 рамно лажиче сол
  • 1лажиче пециво
  • 50мл масло
  • 150мл јогурт
  • 10 каламата маслинки
  • 1/4 лажиче бибер
  • 150гр брашно

Подготовка

Вкусни, кревки мафини.

Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат јајцето, сол и бибер. Со миксер се мати неколку секунди. Со исклучен миксер ги додаваме маслото и јогуртот.
2. Во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото и резанките маслинки. И нив ги додаваме кај претходните состојки. Смесата со лажица ја соединуваме и ја распоредуваме во 6 калапи за мафини.
3. Печиме околу 25 минути во загреана рерна. Испечени ги оставаме на решетка да се изладат, па ги послужуваме.