Хајдари салата (од турската кујна)
Состојки
- 6-7 лажици густо, цедено кисело млеко
- 100 гр рендано бело сирење
- 1 чешне лук
- 1 лажиче нане
- 1 лажица путер
- 1/2 лажиче копар
Подготовка
Салатата е многу вкусна, освежувачка.
1. Загрејте го малку путерот и ставете го нането, малку потпржете го. Нека се олади.
2. Во сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте. Готова е салатата. До служење чувајте ја во фрижидер. Пред служење залијте ја со малку маслиново масло.