Здрави посни овесни палачинки со јаболко (со цимет прелив)
Состојки
- 70 гр Овесни снегулки (мелени)
- 1 м.л. Цимет
- 1 м.л. Пециво
- 160 мл Овесно млеко
- 1 Јаболко
- Цимет Прелив - 1 м.л. Цимет плус 1 г.л. Мед
Подготовка
Ова беше мојот денешен здрав и вкусен појадок, кој топло ви го препорачувам и вам.
Подготовка
1. Во чашката од блендерот ги ставаме сите наведени состојки до добивање на хомогена смеса (јаболкото го миеме, лупиме и го сецкаме на помали парчиња).
2. Смесата треба да биде погуста од смесата за класичните палачинки, па затоа овој дел отприлика треба да си го одредите сами. Јас ги употребив наведените количини, користејќи јаболко со тежина од 100 гр (мерено исчистено).
3. Се загрева нелепливо тавче на средно-висока температура. Ставаме од смесата во тавчето со помош на лажица или со помош на пластично шише. Печете на средна температура, а кога ќе се направат меурчиња од горе и откако ќе пукнат, превртете ги да се допечат од другата страна.
4. Послужете ги веднаш, со додатоци по вкус, јас се одлучив за здрава варијанта на прелив, направен од мед и цимет.
Забелешка
- Овесното брашно може да го купите готово или пак да го подготвите сами. Само додадете ги овесните снегулки во блендер и блендирајте додека не се иситнат и не се формира текстура на брашно.
- Овесното млеко по желба може да се замени со било какво млеко вклучувајќи и обично кравјо млеко.
- Наведените количини за овие мини палачинки се за еден оброк, по потреба корегирајте ги наведените количини.
На здравје!