Испечати

Солени, мали переци со вкус на оригано

Солени, мали переци со вкус на оригано

Состојки

  • 1лажиче оригано
  • 1 жолчка
  • 180гр кисела павлака на собна температура
  • 250гр путер на собна температура
  • 500гр брашно
  • 1 жолчка
  • 1 пециво
  • 1или 2 лажиче сол
  • Белка и ким за одозгора

Подготовка

Ова е еден одличен рецепт за переци. Количината на состојки си е прецизно точна.

Подготовка:

1. Сите состојки само ставете ги во вангличка, замесете ги и ќе добиете мазно тесто, на кое ама баш ништо ниту треба да се додаде или одземе. Ќе ви требаат околу 30 минути за подготовка.

2. Значи од сите горе наведените состојки се замесува тесто со рака. Се дели на 2 дела, кои се расукуваат во кори со дебелина од 3,4 мм. Со помош на алатка се вадат переци. Се редат во голем плех. Јас ја искористив и белката, ги премачкав со неа и наросив ким. Се печат 15 минути.
Се оставаат да се изладат, па се послужуваат.