Солен кекс со штавеј
Состојки
- 150 гр брашно
- 150 гр пченкарно брашно
- 1 пакетче пециво
- 4 јајца
- 150 мл јогурт
- 5 лажици масло
- 150 гр дробено сирење
- малку сол и бибер
- 1 грст исечкан свеж штавеј
Подготовка
Да се искористи пролетта со сите нејзини богатства.
1. Јајцата кратко рачно изматете ги. Додајте го маслото и јогуртот.
2. Брашното промешајте го со пецивото и додајте го во јајцата.
3. На крајот ставете го сирењето и штавејот. Убаво измешајте.
4. Калапот во кој ќе го печете прекријте го со хартија. Мојот е голем, ако сакате повисок кекс тогаш може да печете и во помал. Ставете ја смесата, израмнете и одозгора ставете неколку помали ливчиња штавеј.
5. Печете во загреана рерна на 180 степени, цело време прекриено со фолија, се додека не се испече. Проверете со чепкалка.