Потпечени домати со моцарела
Состојки
- 2 црни патлиџани
- 3 црвени патлиџани
- 150гр моцарела
- 2 гранчиња магдонос
- 1лажица мешани суви зачини
- 1лажичка оригано
- 100 мл маслиново масло
Подготовка
Подготвени:
1. Црните патлиџаните измијте ги и исецкајте ги на кругови. Наредете ги во тавата. Врз нив наредете црвени патлиџани, кои, исто така, се насецкани на тркала. Попрскајте со масло и зачинете со зачините. 2. Ставете да се пече. Откако ќе си пуштат од сокот, извадете и наредете ја моцарелата.Зачинете со оригано и вратете пак за кратко во рерна. Нека се растопи моцарелата и имате преубава закуска. Служете со една ракиичка. Нека ви е на здравје