Испечати

Празнична солена векна со фил од праз и сирење

Празнична солена векна со фил од праз и сирење

Состојки

  • фил
  • 3 страка праз
  • 150гр младо сирење
  • 1 јајце
  • Масло, сол, бибер
  • тесто
  • 20гр свеж квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1лажиче сол
  • 40гр растопена свинска маст
  • 100мл млеко
  • 40мл јогурт
  • 1 јајце
  • Околу 300 до 330 гр брашно
  • 20гр маст за премачкување на кората
  • Јајце, сусам, чурек за одозгора

Подготовка

Денес ви предлагам вкусна, декоративна векна за Вашата празнична трпеза .

Подготовка

1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, маст, јајце и јогурт. Се промешува и постепено се додава брашно. Се замесува средно меко тесто. Се покрива и се остава да се дуплира. За тоа време се подготвува филот.На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот праз. Тргаме од оган, па додаваме сирење, сол, бибер и јајце.

3. Од стасаното тесто формираме 2 топки (или може да се исучи поголема правоаголна кора, па цела да се премачка танко со маст и да се преклопи.) Ги сучиме во правоаголник кори. Првата кора ја премачкуваме со маст. Врз неа ја ставаме втората кора. Малку со сукало ги спојуваме. На половина на кората го нанесуваме филот. Виткаме ролат. Остатокот од кората го сечиме на ленти. Ги завртуваме како спирали, па ги поставуваме врз ролатот.
4. Вака формираната векна ја поставуваме во долгнавест калап за леб. Оставаме на топло 30 минути.
Ја премачкуваме со јајце, наросуваме чурек, сусам и печиме во загреана релна да зарумени. Ја оставаме на решетка да се излади. Сечиме на парчиња и сервираме.