Колач со тиквички и какао (посно)
Состојки
- 150гр. тиквички
- 125гр. брашно
- 25гр. квалитетно какао
- 80гр. шеќер
- 30гр. масло
- 75гр. незасладено овесно млеко
- 5гр. пециво
- За посипување
- по потреба шеќер во прав
Подготовка
Тортите и колачите со тиквички не се новитет, но јас прв пат правам и искрено помек колач немам пробано.
Подготовка
1. Најпрвин изблендирајте ја тиквичката со млекото. Префрлете ја блендираната смеса во длабок сад.
Додајте ги останатите состојки и убаво измешајте со жица за матење. Смесата истурете ја во округол калап од 18цм, премачкан со масло и набрашнет.
2. Печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Откако ќе се испече извадете го на решетка да се олади. Посипете со шеќер во прав и послужете се.