Намаз од наут, сенф и магдонос (посно, без масло)
Состојки
- 230гр. сварен наут
- 1 полна лажичка сенф
- 1 поголемо чешне лук
- 1 полна лажица сецкан магдонос
- 1/2 лажиче мелен црвен пипер
- по потреба сол и црн бибер
- по потреба од водата во која е варен наутот
Подготовка
Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во висок сад за блендирање.
2. Додавајте по потреба од водата, во која е варен наутот и блендирајте со рачен блендер до посакуваната густина. Послужете го со двопек или тостирано лебче и свеж зеленчук.