Испечати

Малку поинаква пица, со капари и млада коприва

Малку поинаква пица, со капари и млада коприва

Состојки

  • тесто
  • 10гр свеж квасец
  • 1/2лажиче шеќер
  • 1/2лажиче сол
  • 2лажици маслиново масло
  • 40мл кисела вода
  • 100мл млеко
  • Брашно околу 270гр
  • Мастраф
  • Домашен доматен сос 3,4 лажици
  • 150 гр рендан мешан кашкавал
  • 1лажица капари
  • 3,4 црни маслинки
  • 1 црвен домат
  • 10 до 15 ливчиња млада коприва
  • Оригано

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат квасец, шеќерот, сол, маслото,млекото и вода. Се промешува и се додава брашно. Се замесува средно меко тесто. Јас го ставив во чисто кесе за храна, кое малку го намрсив, го завиткав убаво и го оставив во фрижидер. Ова го сработив утрото пред работа. Кога си дојдов го извадив тестото од фрижидер, да отстои 10 минути.
2. Ја загреав рерната, го развлеков тестото, па ставав доматен сос, оригано, кашкавал, капари, маслинки, домат, ливчиња млада коприва. Печев 10 до 15 минути, на 220 степени.
Уживав во несекојдневниот вкус на пица.