Фурнаринки
Состојки
- 10 гр. сув квасец
- 2 лажичиња шеќер
- 1 лажиче сол
- 2 јајца
- 50 мл. масло
- 250 мл. топло млеко
- по потреба просеано бело брашно - околу 500-600 гр.
- малку маслиново масло за отворената кора, сусам, оригано, пипер буковска
Подготовка
Многу чести на нашата трпеза.
Подготовка:
1.Тестото се меси убаво, да биде меко, се остава на топло околу 1 час.
2. Потоа се отвора кора, па се премачкува со масло, посипува со наведените состојките и се засекуваат фурнаринки.(Се работи на хартија за печење и со се неа се префрлува во тавата.)
3.Се печат на 220 додека поруменат.
На здравје!