Посен ручек со наут
Состојки
- ½ главица кромид
- 3 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 3 моркови
- ½ лажиче сол
- ½ лажиче мешан сув зачин
- ¼ лажиче црн бибер
- 1 тегла излупен наут
- 2-3 раце спанаќ
- 3 лажици доматно пире
- 100 мл доматен сос
- 100 мл вода
Подготовка
Подготовка:
1. Кромидот и лукот ситно ги сецкаме. Во вок тава на оган го ставаме маслиновото масло да се загрее. Го додаваме кромидот и лукот, пропржуваме. Морковите ги сецкаме на кругови, ги додаваме во тавата. Пропржуваме.
2. Го додаваме доматното пире, доматниот сос и водата. Оставаме на средна температура да се готви. По 10тина минути го додаваме наутот и зачините. Готвиме додека да се згусни сосот. Неколку минути пред крај го додаваме исецканиот спанаќ , кратко само да омекне. Послужуваме.