Мини крофнички со семиња (во апарат за крофнички)
Состојки
- 100 гр Брашно
- 100 гр Пченкарно брашно
- 1 м.л. рамна Сол
- 1 Пециво
- 5 г.л. Семиња (тиква, сончоглед, сусам, ленено семе)
- 75 мл Масло
- 225 мл Кисела Вода
Подготовка
Ова е еден рецепт за брз, здрав, посен и превкусен појадок, а може и за лесна вечера, за пола час ќе може да уживате во нивниот вкус.
Подготовка
1. Семињата ги ставаме во електричен сецко (ги иситнуваме грубо).
2. Во длабок сад ги ставаме брашното, пченкарното брашно, солта, пецивото и иситнетите семиња. Соединуваме со лажица.
3. Ги додаваме претходно соединети течностите (киселата вода и маслото). Миксираме кратко до соединување.
4. Во загреаниот апарат за крофнички, прво ставаме сусам, па ставаме по 1 г.л. од смесата. Печеме додека е потребно. Постапката е иста до потрошување на смесата.
Забелешка - Овие крофнички се посни, машничките со чајна ги направи ќерка ми и во случајов по нејзина желба се само за декорација.
На здравје!