Испечати

Здрави Чоко-Урма Бомбици со Сусам (посно)

Здрави Чоко-Урма Бомбици со Сусам (посно)

Состојки

  • 16 Урми (суви)
  • вкупно околу 90-100 гр Сусам (пропржен)
  • 100 гр Црно Чоколадо (посно)
  • 1 м.л. Рум Екстракт

Подготовка

Подготовка

1. Урмите ги потопуваме во топла вода (околу 10-на минути додека да завршиме со пропржување на сусамот), па потоа ги цедиме од водата со помош на цедалка, без притоа да ги стискаме.
2. Потоа го пропржуваме сусамот во сува тава на ниска температура со постојано мешање да не загори.
3. Од пропржениот сусам ставаме во електричен сецко 5 г.л. (45гр) и го иситнуваме, па ги додаваме урмите, исецкани на пола, и продолжуваме со нивна обработка до хомогенизирање.
4. Добиената смеса ја префрламе во длабок сад, го додаваме чоколадото (стопено на пареа) и екстрактот од рум и соединуваме.
5. Оваа смеса ја оставаме на 10-на минути во фрижидер (или 5 мин во замрзнувач) да се стегне, па ги формираме бомбиците (јас секоја со тежина од по 15 гр). Оформените бомбици ги увалуваме во останатиот дел од пропржениот сусам.

Забелешка - Од оваа доза мене ми испаднаа 16 бомбици со таа големина. Вкусот им е ептен чоколаден, воопшто не се познава дека има урми.

На здравје!