Посна чоко-портокал торта
Состојки
- Пандишпан
- 180гр. брашно
- 60гр. компиров скроб
- 100мл. масло
- 120гр. шеќер
- 160мл. незасладено млеко од соја
- 15гр. пециво
- Крема
- 550мл. незасладено млеко од соја
- 90гр. шеќер
- 90гр. компиров скроб
- 2 лажици квалитетно какао
- кора од 1 портокал
Подготовка
Подготовка:
1. Пандишпан - Во сад со жица за матење изматете ги шеќерот и маслото. Во друг сад измешајте ги брашното, пецивото и скробот. Просејте ги и додадете ги во садот со масло и шеќер. На крај додајте го соиното млеко и убаво измешајте со жица за матење.
2. Истурете ја смесата во округол калап од 20 см (премачкан со масло и набрашнет). Печете на 180 степени, 30 минути. Испечениот пандишпан извадете го на решетка и оставете убаво да се олади, а потоа исечете го на половина.
3. Крема - Во сад измешајте ги скробот, какаото и малку од млекото. Останатото млеко и шеќерот ставете да се загрее. Додајте ја изматената смеса и мешајте постојано додека се згусти. Додајте ја ренданата кора од портокал. Измешајте и оставете да се олади.
4. На чинија за сервирање ставете една половина од пандишпанот. Нанесете половина од кремата.
Ставете ја другата половина пандишпан и пак од кремата. Декорирајте со парчиња портокал.