Испечати

Салата со компир, келераба и никулци (посно)

Салата со компир, келераба и никулци (посно)

Состојки

  • 6 средни по големина компири
  • 1 поголема репа келераба
  • 2 поголеми млади кромидчиња
  • 2 лажици мешавина од никулци
  • 5-6 лажици веган мајонез
  • по потреба сол и црн бибер

Подготовка

Подготовка:

1. Сварете ги компирите со лушпа. Откако ќе се подоладат излупете ги и исечете на коцки.
Ставете ги во длабок сад.
2. Додајте ја келерабата исечена на коцки, сецканите млади кромидчиња и никулците. Посолете и наросете повеќе бибер. Додајте го мајонезот и убаво измешајте.