Испечати

Ролнички со готови кори

Ролнички со готови кори

Состојки

  • 500 гр готови кори
  • Полнење
  • 400 гр изварка (урда)
  • 2 јајца
  • За пречкување
  • 1 јајце
  • 4 лажици кисело млеко (со врв)
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче пециво
  • 1 јајце, 1 л млеко, 1 л масло (за одозгора)

Подготовка

Во пакувањето имаше 15 кори, а за еден ролат потребни се 3, па од оваа количина направив 5 ролати.
1. Изварката измешајте ја со јајцата. Ако не е солена, посолете по вкус.
2. Измешајте го јајцето со млекото, маслото и пецивото.
3. Премачкајте една кора, ставете втора, па и неа премачкајте ја, ставете трета и на едниот крај ставете од изварката. Свиткајте во ролат и наредете ги во тава премачкана со масло.
4. Сите 5 ролати премачкајте ги со јајцето, наросете со сусам, исечете ги на парчиња по желба и печете во загреана рерна на 200 степени.