Роденденска дата торта
Состојки
- За кора
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 100 мл масло
- 4 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1/2 ќесе прашок за печење
- 100 гр грубо мелени потпечени лешници
- Фил 1
- 750 мл млеко
- 6 лажици шеќер
- 3 ќесички прашок за пудинг од чоколадо
- 250 гр чоколадо
- 4 лажици чоколешник крем (нутела)
- 200 гр путер + 1 лажица шеќер во прав
- Фил 2
- 0,5 литар слатка павлака
- 1 - 2 лажици шеќер во прав
- 1 -2 лажици инстант капучино
Подготовка
Годинава роденденската дата се погоди исто така после некое време само со двојки и нули, па решив оваа роденденска заради тоа да си го носи ова име.
Подготовка
1. Изматете ги јајцата заедно со шеќерот кремасто.
2. Со најмала брзина на миксерот додадете го маслото, а потоа рачно со кружни движења, додадете ги останатите состојки од кои лешниците на крајот.
3. Смесата истурете ја во плехот од шпоретот кој претходно сте го обложиле со пек-хартија и печете на 180С 15на минути, зависно од силата на вашата рерна. Изладената кора исечете ја на 3 дела.
4. Во млекото, со шеќер, ставете ги прашоците за пудинг и сварете крем. Додека е жешко додадете го чоколадото на коцки и откако ќе се стопи додадете ја нутелата. Се убаво измешајте да се соедини и оставете да излади, па измиксирајте го претходно разматениот маргарин со шеќерот во прав.
5. На страна изматете ја слатката павлака со шеќерот и капучиното. Филувајте кора-чоко, фил-капучино фил.
6. Готовата торта премачкајте ја тенко, колку да израмни со остатокот од филовите и потоа украсете ја по желба.