Чоко-лешник, посен колач
Состојки
- Мерка 1 чаша (од 240 мл)
- 3 чаши Брашно (просеано)
- 1 чаша Шеќер
- 2 м.л. Сода Бикарбона
- 2 м.л. Цимет
- 2 г.л. (рамни) Какао (просеано)
- 50 гр Лешници (мелени)
- 1 чаша Масло
- 1 и 1/2 чаша Вода (млака)
- 6 г.л. Мармалад (од кајсии)
- Плус за премачкување - 2-3 г.л. Мармалад, и за посипување лешници.
Подготовка
Сочен, мирисен, вкусен колач, одличен со шоља кафе.
Подготовка
1. Во длабок сад ги ставаме сите суви состојки, промешуваме до соединување.
2. Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, соединуваме до хомогенизирање кратко со миксер (може и со рачна маталка).
3. Смесата ја префрламе во тавче број 26 (намрсено и набрашнето).
4. Колачот го ставаме да се пече во загреана рерна на 170 степени, проверуваме со чачкалица (јас печев околу 40-45 минути).
5. Испечениот колач одозгора го премачкуваме со мармалад и ставаме лешници. Нека олади потполно колачот, па сечеме парчиња и послужуваме.
На здравје!