Испечати

Сирови полнети тортици

Сирови полнети тортици

Состојки

  • 2 мали банани
  • 4 полни лажици кокосово брашно
  • 2 лажици сирово какао
  • 10 урми
  • 120гр. овесни снегулки
  • Полнење
  • 10 преполни лажици путер од кикирики (со парчиња кикирики)
  • 5 лажици шеќер во прав

Подготовка

Кога се во прашање ваков вид на десерти, слободно може да се прават најразлични комбинации. Овојпат ги избрав овие состојки. Посно, вкусно, без масло. Излегуваат 8 тортици.

Подготовка:

1. Изблендирајте ги овесните снегулки. Урмите исецкајте ги на ситни парчиња. Во сад со вилушка испасирајте ги бананите. Додајте ги кокосовото брашно, какаото, урмите и постепено овесните снегулки.
Измешајте за убаво да се соедини смесата. Земајте од смесата и нанесете во калап за мафини, оставајќи вдлабнатина на средината(види дополнителни слики).

2. Во друг сад измешајте ги убаво путерот од кикирики и шеќерот во прав. Со оваа крема наполнете ги тортиците. Ставете да отстојат во фрижидер минимум 1 час. Извадете ги од калапот и послужете.